Стил на денот: Оливија Палермо во розев асиметричен фустан

Добивај вести на Viber

Деновиве се одржува Модната недела во Њујорк, една од најпрестижните модни недели што славните имиња, трендсетерки и инфлуенсери не ја пропуштаат. Овој моден настан не можеше да помине без најпознатата модна инфлуенсерка во светот, Оливија Палермо, која последниве денови не воодушеви со одлични модни комбинации - од кратки здолништа со одличен крој, бајковити фустани од црн тул до прекрасна асиметрична креација во розова боја

Шармантната Американка редовно не‘ остава без здив со нејзините генијални изданија на уличен стил, а таа е особено вешта во изборот на впечатливи стајлинзи и модни парчиња кои многумина сакаат да ги стават во својата гардероба во истите секунди. Кроевите што се носат лесно и балансираат помеѓу безвременските класици и модерните, асиметрични форми, впечатливите модели и безвременската елеганција се чести избори на прекрасната Оливија. 

Бидејќи пандемијата во последните 18 месеци ги запре речиси сите социјални и модни настани, опуштањето на мерките и враќањето во „новата нормала“ беа поздравени од сите, а Оливија не‘ почести со навистина импресивни комбинации што само чекаа да ги видат светлина на денот. Еден од нив дефинитивно е специјален, асиметричен фустан чиј дизајн е потпишан од брендот Cinq à Sept.


Фото: Profimedia