Стил // Стил на денот
Стил на денот: Под долгиот џемпер се познава трудничкото стомаче - Катарина Грујиќ позира во модерно, а удобно издание
Пејачката се фотографирала во лифт во многу модерен стајлинг кој одлично ѝ прилега, а покрај тоа е и многу удобен.
Српската пејачка Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ за прв пат ќе станат родители на мало девојче.
Веста дека е бремена ја потврдија и со фотографиите на кои позира и се гледа нејзиниот стомак.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од лифтот на која носи темни очила, кожено палто и панталони, а стомакот и се познава под беж, долгиот џемпер.
Да потсетиме, таа неодамна откри дека смислила име со фудбалерот, како ќе ја нарече нејзината наследничка:
- Во декември ќе имаме девојче, а ќе ја викаме Катја - рекла пејачката.