Стил на денот: Погледнете ги Македонските музички диви како изгледаа новогодишно- Тамара, Каролина, Калиопи и Лоба на ниво

Добивај вести на Viber

Неколку минути пред влезот на Новата година, познатите македонски музички ѕвезди објавија во што ќе бидат облечени за дочекот. До душа, некои од нив веројатно дома си ја пречекаа, ама тоа не значи дека не ги направија нештата со стил. Дури и следниот ден, првиот во Новата, беа на ниво на задачата.

Тамара Тодевска излезе со фотографија во која навистина се гледа колку својот изглед го довела до совршенство. А посебно ни го привлече внимаието набираното боди во кое е целосно елегантна и на моменти културно провоктивна, капутот и секако чевлите. Еве ви идеја за вашиот стил кој можете да го модифицирате.

Каролина Гочева се одлучи за корсет, парче кое е секогаш во мода, а го надопони со впечатливи хит обетки и накит, посебно алката која се смета дека ќе биде стиско парче на сезоната.

Калиопи во препознатлив изглед. Црна боја и мистика, но герданот е нешто со кое го кренала стилот на повисоко скалило бидејќи се работи за автентично и ретко парче кои блика од елеганција.

Викторија Лоба на први јануари се појави во плетен џемпер во небесна боја кој и прилега одлично. А, токму ваквите џемпери  и токму во ваква боја ќе бидат најекспонирани оваа сезона.

Фото: Инстаграм