Стил // Стил на денот
Стил на денот: Пролетно издание на водителката Снеже Велков во розова боја
И додека многуте дами кои ја газат петтата деценија можат да се пожалат на некој килограм плус, шармантнат водителка Снеже Велков се чини, не старее воопшто. Покрај одличната линија, таа внимава на исхраната, постојано вежба и вози велосипед, па резултатите од овој начин на живот се повеќе од очигледни.
Снеже Велков уште еднаш покажа дека е мајстор за модни комбинации. Имено таа избра совршен аутфит за претстојните пролетни денови, комбинирајќи едноставна бела кошула и фармерки со цшарени детали на нозете и чантата. Одличен додаток беше и розовиот блејзер кој ја надополна цела модна комбинација.