Стил на денот: Првата дама на Франција повторно воодушеви со беспрекорен стил!
Доколку не сте премногу ентузијасти за сивата боја,
стајлингот на првата дама на Франција Брижит Макрон, сопругата на францускиот
претседател Емануел Макрон, ќе ве воодушеви со својата едноставност и
безвременска елеганција.
Според многумина, една од најдобро стилизираните први дами, францускиот шик го доведе до совршенство, редовно добиваше комплименти за нејзиниот моден избор. Нејзините комбинации секогаш се дизајнирани до последниот детаљ, а најчесто можете да ја видите во облека од неутрални бои како темно сина, сива, бела, беж, црна...
Обожава класични парчиња со паметно избрани детали како чанти со класичен изглед, необичен накит, марами ...
Иако понекогаш беше мета на модни критики бидејќи не се откажува од мини здолништа, кожени панталони, моторџиски јакни или вртоглави потпетици, Брижит никогаш не обрнуваше внимание на тоа и со години е верна на својот стил.
Сопругата на францускиот претседател, која е 24 години постара од него, повторно предизвика бројни позитивни коментари појавувајќи се на настан што се одржа во колеџот Модиљана во Париз по повод националниот ден на борбата против злоупотребата на врсниците во училиштата.
Во елегантен сив стајлинг, Брижит уште еднаш докажа дека има совршен стил, а минимализмот уште еднаш се покажа како добитна комбинација кога станува збор за француската прва дама.
Француската прва дама изгледаше беспрекорно во сив топ, сако и панталони со класичен крој во истата нијанса, а беспрекорниот изглед успешно го надгради со кожна чанта и црни чизми до глужд.
Нејзиниот препознатлив боб и заштитна маска во иста нијанса на сива боја одлично се вклопуваат во оваа едноставна, но многу ефективна облека.
Фото: Профимедиа