Стил // Стил на денот
Стил на денот: Рацете на Миа Костова во точки, телото во пепито дезен
Не е дилема дали водителката Миа Костова се облекува убаво, туку што следно стилски добро искомбинирано ќе ни понуди! Важи за дама која се облекува одлично, внимава на изгледот, трендсетерка е, а со тоа и причина плус да биде миленичка во очите на модните познавачи.
Овој пат, се одлучи за „откачена“ комбинација. Ракавици со точки, капут со пепито дезен, голем шал и чизми со висока потпетица. Шик, зар не?
Фото: Инстаграм профил на Миа Костова