Стил на денот: Ријана во роденденски аутфит

Добивај вести на Viber

Твитер врие од фотографии од светкси познатата ѕвезда Ријана. Имено се појави еден нов тренд кој гласи „Пребарајте го на Google, името Ријана и вашиот датум на раѓање и ќе погледнете како била облечена пејачката на тој ден низ годините“.

Денеска, на 20-ти февруари, Ријана полни 31 година, а несомнено е дека уште со своето појавување стана модна икона.

Затоа денеска како стил на ден, го имаме нејзиниот избор по повод нејзиниот 28-ми роденден, пред 3 години.

Станува збор за елегантен винтиџ фустан, од 1993-та година со потпис на модниот дизајнер Џон Галијано. Искомбиниран со Прада сандали и накит изработен специјално за неа.