Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ријана во змиски принт
Животинскиот принт владее во светот на модата веќе неколку сезони. Сепак оваа есен е незаменлив. Она што е особено специфично сега, е дека сите дизајнери не советуваат да се свртиме кон змискиот принт.
Често е доволен само еден детаљ, како ремен,чанта или чевли со змиски тренд, и целата модна приказна ќе биде на место.
Сепак ултра популарната пејачка Ријана, се одлучи за целосна модна комбинација со змиски принт и остава без зборови со својот изглед.