Стил // Стил на денот
Стил на денот: Рита Ора во фустан со интересен крој и дезен
„Оверсајз“ модните парчиња никако да излезат од мода. Џемпери, фармерки, јакни, капути, фустани... ги има во сите облици и варијанти, а и познатите ѕвезди не останаа имуни на овој тренд.
Една од нив е и пејачката Рита Ора. Иако почесто може да ја види во припиени комбинации, сепак таа знае да изненади. Овој фустан со инересен крој, но и дезен е едно такво „оверсајз“ модно парче, кое е идеално за некоја посвечена пригода.