Стил на денот: Розовата јакна на бремената Ријана по која полуде светот

Добивај вести на Viber

Веста која го обиколи светот за помалку од една минута, „лошата девојка“ Рири е бремена!

Ријана ја објави својата прва бременост со фотосесијата на Дигзи - фотографот на Vogue, неодамна прогласен за „омилен папараци на модата“. 


Таа носеше „Vetements“ фармерки со ниска половина и розева паф Шанел јакна од колекцијата на Карл Лагерфелд од 1996 година, откопчана за да го открие нејзиното трудничко стомаче под долгото винтиџ ланче со крст на Кристијан ЛаКроа. 

За рака со нејзиниот избраник Асап Роки, непосредно пред снежна бура, моќната Рири не чувствува студ.

Пребарувањето „розови јакни“ на Интернет порасна за 200 отсто еден час откако фотографиите се појавија во етер, според податоците споделени од LoveTheSales, но ве информираме дека јакната на Ријана чини над 10.000 долари. 

Дали по ова следи и тренд на повторно носење на фармерки со ниска половина, останува да видиме, но дефинитивно Рири е една и единствена, нека ѝ е со лесно.

ФОТО: DIGGZY/SHUTTERSTOCK