Стил на денот: Сања Кужет во фустан кој ќе биде хит оваа сезона

Добивај вести на Viber

Познатата српска водителка Сања Кужет важи за една од најубавите во својата професија. Природниот изглед е она што го негува, а за тоа голема улога играат и напорните тренинзи, како и начинот на исхрана.

На телевизиските екрани секогаш е скоцкана од глава до петици, а истото важи и кога рефлекторите се изгасени. Кога не е на сцената, често можеме да ја видиме во комбинации кои се практични за секојдневно користиње. Фустанот кој го носеше неодамна на еден настан е едно такво модно парче.

Белата основа со портокаловиот дезен, дефинитивно се одличен микс на бои за претстојното лето. Она што овој фустан го прави посебен е ременот со школка, а за оваа прилика Сања го имаше искобинирано со високи потпетици.


фото: Принтскрин / Инстаграм