Стил на денот: Сара Џесика Паркер откачениот и шик изглед го замени со минималистички фустан и ги изненади сите
Новите фотографии од снимањето на продолжението на серијата „Сексот и градот“ ги изненадија фановите, бидејќи не се навикнати да ја гледаат својата омилена хероина во ова издание
Започна снимањето на продолжението на серијата „Сексот и градот“, а славната Сара Џесика Паркер повторно се најде во улогата на славната Кери Бредшо. Првите фотографии од сетот веќе стигнаа во јавноста, а сите едвај чекаа да ги видат новите модни комбинации.
Сара овој пат на сетот се појави во розова комбинација од глава до пети.
Многумина се изненадија бидејќи не се навикнати да ја гледаат актерката во толку нминималистички изданија, туку во нејзиниот препознатлив откачен и шик стил. Сепак, сите се согласија дека овој фустан феноменално ѝ прилега.
Извор: stil.kurir.rs