Стил на денот: Северина со чанта која е моден сон за секој есенски аутфит

Добивај вести на Viber

Аутфит за секој ден по вкус на Северина Вучковиќ не е комплетен без еден моќен детаљ

Северина Вучковиќ, една од најголемите регионални ѕвезди, во последните години стана и своевидна модна инспирација. Сака да си игра со стилови и комбинира навидум некомпатибилни парчиња облека и додатоци, а секој пат резултатот е чист моден спектакл!

Таков е нејзиниот најнов стајлинг кој го избра за да ужива во пријатните есенски денови.

Хрватската пејачка облече длабоки и кратки тексас шорцеви, кои ги комбинираше со спортски топ. Станува збор за модел од француската модна куќа „Селин“, кој ја истакнува нејзината извајана фигура.


Белите патики и спортската капа се одлични додатоци на овој аутфит, како и елегантниот струкиран блејзер, но посебен детал од аутфитот на пејачката е дефинитивно необична чанта.

Станува збор за асиметрична кожена чанта во три нијанси на беж, која изгледа како неколку чанти кои се напикани една во друга!

Оваа вистинска мала оптичка илузија на чанта има едноставна и кратка рачка за носење во рака, а украсена е со преголема тока на врвот, која зрачи со духот на класичниот француски шик стил.

Необичната чанта го носи името „Пиза“, поради навалувањето на едната страна и сличноста со кривата кула во Пиза во Италија, а е потпишана од модната куќа „Boyy“. 

Во зависност од големината, цената се движи помеѓу 695 и 995 долари, а масивната, а сепак едноставна тока е заштитен знак на додатоците на брендот „Boyy“.


Извор: glossy.espreso.rs