Стил на денот: Шарлиз Терон, актерката со најубави нозе во Холивуд во моќно издание

Добивај вести на Viber

Со овие две парчиња гардероба секогаш имате што да облечете

Холивудската актерка Шарлиз Терон, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени денес, неодамна гостуваше во шоуто на Џими Кимел, и за таа прилика избра модна комбинација во која не може да остане незабележана.

foto> PROFMIEDIA

Таа комбинираше класична црна кошула - која, како белата, никогаш не излегува од мода и која е секогаш „кец во ракавот“ кога не знаете што да облечете - со кожени панталони со висок струк и широки нозе, кои таа ги надополи со каиш со златна тока.

Познатата актерка во ова едноставно издание изгледаше многу елегантно и не потсети на парчињата гардероба што дефинитивно мора да ги имаме во нашиот плакар.