Стил на денот: Шерон Стоун покажа како се носи мал црн фустан на 60 години

Добивај вести на Viber

Шерон Стоун отсекогаш била една од најсекси жените во светот, а познатата актерка сѐ уште блеска со нејзиниот беспрекорен изглед.

Дека годините се само број, оваа русокоса убавица потврди уште еднаш, со своето појавување на добротворна вечера во Њујорк.

Нејзиниот мал црн фустан стоеше одлично на нејзината фигура. Со заводливо деколте и совршена средна должина, актерката ја нагласи тенката фигура, но и своите облини на пристоен начин. Овој мал црн фустан отсекогаш бил и ќе биде непогрешлив класик.

Целата стилска комбинација, актерката ја надополни со прекраснен бисерен ѓердан и соодветни обетки, како и црна плик чанта од крокодилска кожа и црни чипкани салонки.