Стил на денот: Шерон Стоун покажува како се носат фармерки во седмата деценија
Актерката Шерон Стоун е една од најголемите холивудски кул жени на секој начин, вклучително и во модата. Тоа го покажа уште еднаш кога излезе на вечера со пријател.
Шерон на вечера дојде во одлична комбинација.
Таа комбинираше секојдневни фармерки украсени со синџир со бела кошула, многу тенок џемпер и јакна во нежна розова нијанса. Таа додаде бели патики, и наместо пообична чанта што другите би ја избрале со патики и овој тип фармерки, Шерон избра елегантна сатенска розова чанта со големо кристално копче.
Таа покажа колку е лесно да се комбинираат парчиња облека од различни стилови, а резултатот е кул и нослива комбинација.
Многу се зборува за тоа какви фармерки се погодни за одредени години, па така неодамна 47-годишната Софија Вергара беше мета на критичарите поради носење искинати фармерки. Некои корисници на социјалните мрежи заклучија дека таа е премногу стара за нив.
Според резултатите од неколку онлајн анкети, жените генерално не треба да носат фармерки по 50 -годишна возраст, без оглед на моделот за кој станува збор.
Но, се разбира, скоро сите ќе се согласиме дека е бесмислено бидејќи фармерките се едно од најразновидните парчиња облека во женската гардероба и можеме да ги носиме без оглед на возраста. Најдобар доказ за тоа е 63-годишната Шерон, која изгледа фантастично во овој модел.
фото:Profimedia
извор:stil.kurir.rs