Стил на денот: Совршен спој на елеганција и спортски стил во режија на Ана Ивановиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Поранешната најдобра тенисерка во светот и една од најубавите спортистки, Ана Ивановиќ, ги комбинира летните трендови на најубав начин.

Нејзиниот стил е проследен со концизност и елеганција, па ги избира вистинските парчиња облека за секоја пригода. Таа ја обожава класиката што не поминува и гледаме дека е дел од нејзината гардероба.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)



Уште еднаш, таа успеа да не воодушеви со својата дневна комбинација на облека. Таа избра корален фустан-кошула, во миди должина.

Омилен летен модел на многу жени. Иако често носеше високи потпетици, таа за оваа прилика избра бели патики, со кои постигна едноставен дневен изглед.