Стил на денот: Спортското издание на Мишел Обама потпишано од српска дизајнерка
Мишел Обама моментално ја промовира својата книга „The Light We Carry: Overcoming in Uncertain Times“, а нејзиното појавување во Атланта деновиве привлече големо медиумско внимание.
Поранешната прва дама на САД за оваа пригода избра малку необично издание во стилот на спортска елеганција, кое е креација на српска дизајнерка.
Мишел е само една од бројните познати личности кои се воодушевени од гардеробата дизајнирана од Роксанда Илинчиќ. Да потсетиме дека Кејт Хадсон, Кејт Мидлтон, кралицата Ранија, Гвинет Палтроу обожаваат да носат креации на оваа дизајнерка.
– Мишел Обама има фантастичен вроден стил и самодоверба што трансформира што и да облече – изјави српската дизајнерка во 2011 година, кога Мишел за прв пат облече нејзината креација.
Креацијата се состои од впечатлив „колажен“ „оверсајз“ горен дел во форма на дуксер, едноставен син горен дел со едно рамо и длабоки широки панталони.
Со целата комбинација Мишел облече црни чевли со потпетица. Секое парче е направено по нарачка за поранешната прва дама на САД.
И Роксанда исто така призна дека комбинацијата била хит, заблагодарувајќи ѝ се на Мишел Обама на социјалните мрежи со зборовите „Почестена сум“.
Извор: glossy.espreso.co.rs