Стил на денот: Светкавиот комбинезон на Сандра Булок го крена интернетот на нозе
Шармантната актерка не ја гледаме често на настаните во Холивуд, а нејзиното појавување на црвениот тепих вчера привлече големо внимание - и поради фактот што на 58 години изгледа како на почетокот на кариерата, и поради нејзиниот необичен моден избор во кој буквално заблеска.
Сандра Булок е една од познатите личности кои не шетаат често на црвениот тепих, и ја гледаме во свечените прилики најмногу кога промовира некој проект или е номинирана за награда, па затоа секое појавување на јавни настани е вистинско уживање за нејзините фанови. Овој пат повод е премиерата на нејзиниот нов филм „Unforgivable“, која се одржа во Лос Анџелес.
Навикнати сме на тоа дека актерката е секогаш врвна во модните избори, но овој пат се надмина себеси. Таа за оваа пригода избра блескав комбинезон со потпис на Стела Макартни, над кој облече црна јакна.
Овој моден избор ги воодушеви и модните критичари и нејзините обожаватели.
„Поубав стајлинг не сум видел одамна“, „Вака се облекува филмска дива. Браво!“, „Стајлинг без грешка“, се само дел од коментарите.