Стил на денот: Тања Савиќ во комбинација идеална за викенд прошетка во парк
Кога медиумите пишуваат за српската пејачка Тања Савиќ тоа секогаш се вести поврзани со нејзиниот приватен живот, кој е и повеќе од турбулентен, потоа вести за нејзината кариера... За разлика од оној на нејзините колешки, за модниот стил на Тања не се зборува многу, но ова е комбинација нешто што заслужува внимание.
Имено, на видео кое го сподели на својот Инстаграм профил, пејачката е во домашен амбиент, а за оваа прилика се одлучи на себе да облече тренерки во крем боја, кои ги искомбинира со бели патики. Целиот изглед го збогати со тренди ланче во златна боја, кое полу скриено, а со шминката и косата врзана во коњско опавче, даде еден не толку едноставен печат на целата комбинација.
Доколку не знаете што да облечете овој викенд за договорената прошетка во парк, слободно ископирајте го овој изглед на познатата пејачка.