Стил на денот: Tопли и стилски идеи за носење краток фустан во студените месеци

Добивај вести на Viber

Зимскиот студ сè повеќе потсетува на себе. Тоа значи дека треба да се облекуваме топло и да заборавиме на одредена облека од плакарот. Она коешто нема потреба да го заборавите е вашиот омилен краток фустан, кој може да се најде во комбинација дури и во ладните денови и тоа многу лесно. 

Фустаните се меѓу најпознатите женски парчиња кои ја потенцираат фигурата и даваат сосема поинаков изглед на секоја визија. Летото е сезона во која можеме целосно да уживаме во чувството на слобода што ја нудат, но студените месеци, исто така, ни овозможуваат да ги прикажеме нашите омилени фустани на малку поинаков, но многу стилски начин. 


Фото: Pinterest