Стил на денот: Топло и шик - Како да носите пончо оваа сезона?

Добивај вести на Viber

Како денешна инспирација за стил на денот го имаме „трендовското ќебе“ или т.н. пончо.

Удобноста понекогаш има голема предност и навистина може да изгледа многу добро.

Затоа оваа зима пончото е омилено парче меѓу светските дами. Без разлика дали станува збор за еднобоен пончо, интересен модел или разнобојна варијанта, стилистичката точка на ова парче е да се најде добар начин да се искомбинира со останатиот дел од облеката. 


Ова црно пончо со везени цветни детали е едно од нашите омилени. Едноставно мора да се најде меѓу вашите зимски парчиња.