Стил на денот: Удобна и практична - вака сезонава се носи карирана кошула!

Добивај вести на Viber

Карираните кошули се враќаат во мода

Предимензионираните машки кошули се идеално есенско парче. Удобни се, топли, па дури и ако имаат кариран дезен, тогаш гарантираат дека ќе имате ултра модерен стајлинг.

Според дизајнерите, оваа сезона е незамислива без вакво парче облека. Покрај тоа што изгледаат убаво, дополнителен плус е тоа што можат да се носат на безброј начини и во безброј прилики.

Изгледаат совршено во комбинација со фармерки и патики, но и со кожено здолниште и високи потпетици. Дефинитивно ова е парче во кое вреди да се инвестира и сигурно нема да зажалите.


Фото: pinterest

ГАЛЕРИЈА: