Стил на денот: Ве водиме во Филипини, таму не чека нашата Анѓела во небесно- сина глам тоалета
На 29 Ноември во Манила, главниот град на Филипини ќе се одржи големото финале на изборот за Мис Земја.
Ова е настан кој се одржува 22 години по ред и ги собира најубавите девојки од светот, се со цел да се одбере најубавата, најпаметната и комплетна личност.
Над сто земји пратија свои избранички, а ние ја пративме Анѓела Јакимовска, преубавата Македонка која и претходно имаше неколку титули за убавина. Таа е во Филипини скоро еден месец и постојано е дел од различните случувања поврзани за манифестацијата.
Последно што објави е нејзино прикажување во вечерни тоалети, а таа носи прекрасна креација во небесно- сина боја која ја следи линијата на телото, светка и има суптилни пердуви во горниот дел.
Анѓела едноставно е заносна и се надеваме на успех.