Стил // Стил на денот
Стил на денот: Водителката Сања Кужет ги искомбинира елеганцијата и удобноста
На малите екрани е секогаш во елегантни комбинации, кои ги надополнува со високи потпетици, но некогаш знае да се случи да се појави и во не толку елегантно издание.
Имено, на едно од снимањата, водителката Сања Кужет се појави во интересна црна комбинација. Станува збор за краток фустан со карнери, кој совршено ја истакнува нејзината линија, но овој пат високите потпетици ги остави дома. Наместо тоа се одлучи за тренди чизми, кои ги искомбинира со високи чорапи.
Сања дефинитивно знае како да ги спои елеганцијата и удобноста, а воедно да изгледа беспрекорно.