Стил на денот: Здив да ви застане- Јелена Карлеуша во ултра- виолетово
Иако е контроверзна, своја, тврдоглава, често со изјави кои допираат некој или некого, за неа не може да се каже дека не се облекува убаво. Има моменти кога е претерано, но тоа е шоу бизнис и се гледа дека го сватила сериозно... Се‘ за популаност.
Срспката дива Јелена Карлеуша е свесна дека изгледа искучително добро, и дека се‘ и стои. А често потенцира дека тоа што го носи не е са секого, дека таквата облека е наменета за на сцена или сценски настапи... Најчесто носи брендирана облека од најреномираните светски дизајнерски куќи, ама знае да облече парчиња и од локални дизајнери.
Ова што го презентира сега е навистина секси, но далеку од она што сме навикнале да го гледаме на неа. Некако изгледа сосема отмено, шик и во боја. А, токму српската манекенка и дизајнерка Софи Мило, која го потпишува фустанот и и кажала на дивата дека треба да вметне малку боја... Ја послушала и не погрешила.
Се работи за припиен фустан од светкав материјал кој ја истакнува фигурата. Има длабоко деколте и еден ракав, надополнет со сандали кои имаат олатформа и висока потпетица.: