Стил // Стил на денот
Стил на денот: Здивот застанува- Џенифер Лопез и Бен Афлек ја покорија Венеција
Филмскиот фестивал во Венеција е место каде ѕвездите од филмската индустрија се натпреваруваат и во тоа кој што ќе облече.
Италија е земја на модата и некако многу се внимава во то тој поглед. На овој настан кој се уште трае видовме многу гламур, но кога Џенифер Лопез и Бен Афлек стапнаа на црвениот килим, освоија се што може да се освои.
Ова е нивно прво заедничко јавно појавување откако ја обновија врската...после две децении.
Таа во фустан на Хобеика со дијамантски гердан пришиен во долниот дел за фустанот, во комбинација со впечатливи сандали.
Тој во елегантен костум надополнет со пеперутка вратоврска...
Како да се создадени еден за друг...
Фото: RCFA