Стил // Стил на денот
Стил на денот: Зое Кравиц воодушевува во гламурозна тоалета
Зое Кравиц важи за една од најубавите актерки на денешницата. Ќерката на познатиот музичар Лени Кравиц, пред изминат период се најде и гола на насловната страница на Ролонг Стоун .
29- годишната актерка на гала вечерта, организирана од Гучи, во Лос Анџелес се појави во елегантен долг фустан во тегет боја со бели туфни.
Беспрекорно скороената тоалета од сатен ја покажа женственоста на Зое, а белите туфни изгледаа како бисери. Прибраното деколте и природниот изглед на актерката беа само јаготка на шлагот.