Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Зое Кравиц по примерот на мајка си: Гола на насловна страница на Ролинг Стоун
Во мај 1988-ма година, мајката на Зое Кравиц, актерката Лиза Бонет, се појави на насловната страница на Hot Issue на списанието „Ролинг Стоун“. Во тоа време била бремена два месеци со Зое. Сега, за насловната страница на ова издание, на 30-годишнината од насловната со Бонет, Кравиц одлучи да ја репродуцира фотографијата на нејзината мајка пред 30 години.
- Отсекогаш сум толку многу ја сакав таа насловна страница. Кога мислам на „Ролинг Стоун“, тоа е секогаш сликата што се појавува во мојата глава. Тоа е навистина впечатлива слика. Прекрасна е- раскажува Зое.
Ќерката на познатиот музичар Лени Кравиц, изгледа буквално како својата мајка, пред 30 години.