Стил на месецот: Еден комплет - десетици комбинации
Цветните мотиви се водечки тренд и оваа сезона.
Додека дезените со мали, ситни цветчиња беа популарни минатата година, оваа сезона големи и шарени цветни мотиви се во преден план.
Без разлика дали сте љубител на женствени и елегантни комбинации или бохо и винтиџ стил, облеката со цветни мотиви е многу лесна за комбинирање. Дозволено е сè, од комбинирање со едноставни еднобојни парчиња до комбинирање со различни цветни, но и други актуелни дезени.
Сезонава акцентот е ставен на комплети составени од горен и долен дел со идентичен дезен. Особено актуелни се комплетите од предимензионалните кошули и бермуди. Удобни и лесни за летниот период, овие парчиња облека ќе можете да ги носите за елегантни прилики во комбинација со елегантни сандали со висока потпетица или во комбинација со рамни чевли и патики за дневна варијанта, а најдобро од сè е што можете да ги комбинирате посебно и да добиете уште десетици различни комбинации.
Комплетот (кошула + бермуди) и чантата се на MANGO и можете да ги имате по супер достапна цена, ќе ги најдете онлајн или во продажните салони на Fashion Group Macedonia.
фотографии:@stoilkovski / fashiongroupmacedonia