Стил на месецот: Кејт Мидлтон во здолниште кое чини околу 1400 денари, модел вечна класика
Фото:Profimedia
Наша модна инспирација за овој месец е уште едно одлично модно издание на Кејт Мидлтон. Принцезата од Велс се појави во елегантно издание, а здолништето кое го носи е едноставно прекрасно.
Фотографиите се снимени во Велс. Кејт, со изразито долга коса, облече едноставен бел капут, останувајќи верна на трендот на монохроматски капути. Станува збор за креација на модната куќа „Александар Меквин“.
Прекрасното здолниште со безвременски пепито дезен е модел на бренд кој е застапен и многу популарен кај нас. Цената на ова парче облека е околу 20 фунти или 1400 денари.
Здолништето со висок струк изгледа и елегантно и гламурозно, а дезенот е посилен од кој било тренд. Моделот е од минатогодишната колекција.
Фото:ProfimediaБаш чизмите кои ги носи одлично се комбинираат со шик здолништето, а зад нив се крие модниот бренд „Gianvito Rossi“. Интересна е и чантата, креација „Mulberry“ која чини 675 фунти или повеќе од 47.000 денари. Кејт носи обетки од „Heavenly London“.
Извор: stil.kurir.rs