Стил на месецот: Ноемвриска елеганција во режија на Елена Ристеска
Елена Ристеска зрачи од елеганција на промоцијата не нејзините парфеми „ERA“ во Космотинекс, во новиот Ист Гејт Мол.
Пејачката која минатата година започна нов сопствен бизнис и лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција, се одлучи за класична и безвременска комбинација во која зрачи со софистицираност и елеганција - сосема соодветно за приликата.
Црната комбинација од глава до петици, ја надополни со златни детали и со тоа додаде посебен шарм на целиот изглед, а посебно сексапилна ја прави и богатата чипка која наѕира под блејзерот.
Инаку од сега, целата ЕРА КОЗМЕТИКА на Елена Ристеска ќе можете да ја купите на сите локации на Cosmotinex.
A во склоп на новиот трговски центар East Gate Mall, на 29-ти октомври компанијата Тинекс ги отвори вратите на две нови продавници, супермаркетот Тинекс и луксузната и уникатна парфимерија Космо.