Стил на месецот: Прамените на Анџелина Џоли се најбарана есенска фризура
Прамените на Анџелина Џоли подеднакво ќе ги обожаваат и
девојките со темна, речиси црна коса, како и бринетите кои сакаат поприроден
изглед.
Кога станува збор за трендовските бои за коса, се чини дека во последните месеци поголем акцент е на русокосите. Сепак, далеку од тоа дека нема добри решенија за бринетите и дамите со црна коса, особено за оние кои не сакаат претерани промени, туку да изгледаат што поприродно.
Доколку имате потемна коса, а сакате да ја освежите и да и дадете исполнетост и волумен, еден од идеалните начини е да го следите примерот на Анџелина Џоли, која ја освежи косата со речиси незабележливи прамени кои иако ненаметливи, исто така дадоа дополнителен димензија на нејзината фризура, што е особено видливо на црвениот тепих кога најчесто ја носи косата во ниски, пуштени пунџи.
Станува збор за нов начин на бојадисување на косата, кој уште го нарекуваат и „french roast“, а кој полека но сигурно станува главен тренд оваа есен.
Се карактеризира со нежни тенки прамени во кои се испреплетуваат малку посветли нијанси на карамела и костен, кои на фризурата и даваат топлина, речиси како кога ќе фатите малку сонце, а најдобро од се‘ е што иако се суптилни, тие и визуелно додаваат волумен на косата и ја прават погуста.
„French roast“ е идеална промена без разлика на должината и текстурата на косата, и најчесто се прават во форма на балајаж, односно не започнуваат од корен.
Погледнете неколку варијанти на фризури кои гарантирано ќе ги обожаваат сите бринети и дами со црна боја на коса кои оваа есен негуваат поприроден изглед:
Фото: Профимедиа/ Инстаграм/ pinterest
Извор: стилкурир