Стил на месецот: Сара Јо во пастелна комбинација, погодна за секој ден од април
фото: Мирко Табашевиќ
Веројатно не постои човек што не ужива во убавините што со себе ги носи пролетта, а една од тие убавини се дефинитивно комбинациите во светли, пастелни нијанси.
Романтични, ефективни и неодоливо шармантни, парчињата во пастелни нијанси конечно го добија местото што го заслужуваат, па сè поголем е бројот на момци и девојки кои ги разубавуваат улиците со стилските комбинации во овие бои.
Кога ќе тргнете на шопинг по пастелните парчиња, единствено што треба да го имате на ум е тоа дека секогаш треба да одбирате едноставни кроеви и модели, односно парчиња кои ќе можете лесно да ги комбинирате.
А токму со една таква, целосно пастелна комбинација нè воодушеви српската пејачка Сара Јо.
Изборот на Сара е комплет од здолниште, топ и џемпер, кои покрај тоа што заедно искомбинирани изгледаат фантастично, најдоброто кај овој пастелен комплет е што секое од парчињата можат да се носат посебно и да се комбинираат со дсетици други парчиња.
Затоа комплетот го прогласуваме и за погоден за секој ден од месецот, бидејќи ќе имате безброј можности, да го носите одделно на различни начини.
Комбинацијата на Сара ќе ја најдете во продавниците на Fashion Group Macedonia, или он лајн на нивниот веб сајт.
*Кликнете на фотографиите за цена и повеќе информации
Пастелните парчиња ќе ја претворат секоја ваша комбинација во исклучително шик и ефектен стајлинг, па така, ако сè уште не ги одбравте омилените, ние ги издвоивме најубавите за вас во колекцијата „Pretty in pastels“.