Стил на месецот: Тренди модни комбинации со слоевито облекување во декември
Предлози кои ќе ви помогнат да имате совршен стил секој ден во текот на последниот месец од годината!
Ах, декември… Месецот во годината чиј крај означува нов почеток, а кој со својата снежна идила знае да ги нервира оние кои не сакаат зима.
За да го подобрите вашето расположение,предлагаме да го пробате познатиот слоевит начин на облекување, што ви овозможува да креирате уникатна модна комбинација со неколку различни парчиња облека.
Не мора да биде по правила - можете да го пробате омилениот фустан со макси здолниште, шарени панталони со гломазен џемпер, а да завршите со интересен моден додаток или дезен што ќе мами погледи.
Ние ви подготвивме совршена инспирација за секој декемвриски ден, уживајте во последниот месец од оваа година и бидете тренди!