Стил на месецот: Задолжителни модни додатоци за есен 2022

Добивај вести на Viber

Без разлика дали сакате додатоци или не, речиси е невозможно да ги избегнете во текот на есенската и зимската сезона

Не само поради нивната естетика, која секоја облека ја издигнува на повисоко ниво и му дава личен шмек, туку и поради нивната функционалност, додатоците се незаменливи.

Без разлика дали се работи за чанта или беретка, деталите ни нудат стотици опции за различни комбинации. Така, додека ги оставаме плетените чанти за плажа, капите и сандалите, време е да извадиме нови додатоци на виделина. П.С. Некои од нив, како златните обетки, се пренесуваат во новата сезона.

Откријте ги додатоците кои мора да ги имате оваа есен: 

1. XXL чанти

*кликнете на фотографијата за повеќе информации

Супермоделите Бела Хадид и Џанг Лина обожаваат големи чанти во кои собира сè. Тоа е моќен XXL додаток кој е истовремено елегантен, луксузен и практичен. 

2. Злато + бисери

*кликнете на фотографијата за повеќе информации

О, да, златниот накит е наша опсесија и нема подобар начин да додадете допир на гламур во вашата модна комбинација. Новитет е што златните детали се носат дури и со дуксери и „бициклистички“, а нов миленик на трендсетерките е златниот накит со бисери.

3. Очила со обоено стакло

*кликнете на фотографијата за повеќе информации

Обликот на рамката веќе не е толку важен - сега е стаклото! Портокалови, сини или розови, важно е да привлечат внимание и да даваат живост на секој есенски стајлинг.

4. Подобри алтернативи за пушење цигари

*кликнете на фотографијата за повеќе информации

За оние кои пушат цигари и не сакаат да се откажат од никотинот и да престанат да пушат, решението е да се префрлат на подобри алтернативи кои го загреваат, а не согоруваат тутун. Една таква подобра алтернатива е IQOS - уред за греење на тутун кој може да биде елегантен моден додаток за жените со стил. Доаѓа во различни бои од бела, до златна и огнена црвена, се вклопува во секоја облека.


Извор: elle.rs

*пр објава