Стил на неделата: Кралицата Летиција во црвен фустан кој визуелно ја издолжува фигурата
Кралицата Летиција, сопруга на шпанскиот крал Фелипе Шести, важи за една од најдобро облечените жени во светот. Склона е кон чести модни експерименти, но остава најсилен впечаток кога носи црвено
Шпанската кралица Летиција (49) секогаш кога ќе ја избере бојата на љубовта и радоста од глава до пети, блеска со полн сјај.
Од време на време, Летиција од Шпанија во гардеробата има различни модели на фустани во црвени нијанси, а најновата што ја носеше на свечен ручек во Кралската палата во Мадрид ги маѓепса присутните.
Имено, на настан организиран во чест на колумбискиот претседател Иван Дјук и неговата прва дама Марија Јулијана Руиз, таа се појави во шик тоалет со потпис на популарна шпанска марка.
Станува збор за фустан исечен под градите, кој визуелно ја издолжува фигурата и паѓа малку набран од колковите, и ¾ ракави со благ „пуф“ ефект.
Заедно со заводливиот стајлинг, таа комбинираше и дијамантски обетки со рубин, скапоцен накит што и припаѓа на нејзината свекрва и поранешна кралица Софија.
Инаку, кралицата веќе го носеше овој модел во јуни 2020 година.
Фото: Profimedia