Стил на неделата: Пет комбинации на Северина погодни за релаксирачки одмор
Пејачката Северина Којиќ (49) моментално ужива на Плитвачки езера во друштво на нејзиниот син.
Северина го користи одморот за квалитетно поминато време со синот Александар, а тоа го потврдуваат и нејзините нови фотографии кои ги објави на Инстаграм.
Насмеана и одлично расположена, позира пред водопадот, во ресортот во кој престојува и покрај езерца.
Иако претежно се облекува елегантно, обожавателите ја пофалија оваа промена на Севе.
Во една прилика носеше маица со должина на фустан, спортски чорапи и патики, а нејзината витка линија дојде до израз дури и во таков релаксиран стајлинг, а маичката е со ликот на легендарната манекенка Кејт Мос.
Следната комбинација е слична, само што носи црни кратки пантлони под маицата, како и шешир.
Потоа широка летна туника од лесен материјал.
Неприкосновените кратки бели панталони и маичка.
И можеби омилен за крај е небесно синиот фустан.