Стил на неделата: Водителката Сања Савеска во перфектна есенска комбинација и безвременските оксфордки
Секогаш внимателно облечена зависно од пригодата, водителката Сања Савеска е наша модна инспирација за неделава.
Сончевите есенски денови се прилика за моден експеримент, а оваа дама направила одлична комбинација.
Иако едноставна, комбинацијата која ја избрала водителката се состои од бела маичка, црни кратки панталончиња и есенски капут е вистински погодок.
Она што привлекува внимание се популарните чевли оксфордки во црна боја кои на стајлингот му даваат доза елеганција, а Сања ги искомбинирала со црна чанта.
Чевлите во машки стил популарно именувани како „оксфордки“ се безвременски обувки кои се неизбежен составен дел од женската гардероба кој датира уште од 19 век. Тие за прв пат се појавуваат како чевли за мажи, но набрзо добиваат огромна популарност и кај женската гардероба. Тие се обувки кои даваат класичен, софистициран и елегантен изглед. Можат да се комбинираат со поголемиот дел од вашата гардероба бидејќи изгледаат ненаметливо.
Фото: Инстаграм/Сања Савеска