Стинг повторно во Скопје, во јуни на Стадион

Добивај вести на Viber

Легендарниот англиски музичар Стинг по втор пат доаѓа во Скопје, со концерт на 2 јуни следната година, на Арената Филип втори, објави „Авалон продукција“. 

По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15 октомври лани, во рамките на "57th & 9th" турнејата, Стинг повторно доаѓа во Скопје со како што велат организаторите, историско стадионско шоу. 

Овој пат, тој гостува во рамките на турнејата „My songs“ која е турнеја со најголемите хитови од времето на бендот „The Police“ и од соло кариерата. 

„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19-ти декември) во 9 часот наутро, а цените ќе се објават на Фејсбук страницата на „Авалон“ вечерва во 21 часот.