,

„STOP THE TRAFFIK“ на Моден викенд Скопје

Добивај вести на Viber

Моден викенд Скопје по шеснаесетти пат ја најавува претстојната сезона и го доближува Скопје до модните трендови и тенденции. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ од 22 до 24 октомври, а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври. Како секоја сезона, и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања. Овој пат тоа е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket иницирана од британската организација „STOP THE TRAFFIK“. Во активностите на Моден викенд Скопје ќе им се придружи и Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. „Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлоатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд Купувајте помалку, но одберете внимателно.“, велат организаторите на Моден викенд Скопје. Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“. Фотографијата ја потпишуваат „Ани и Дими“.