Се урна авион со 132 патници во Кина: Страотни видеа од моментот на несреќата

Патнички авион Боинг 737 на компанијата „China Eastern Airlines“ се урна на југот на Кина.

Според досега официјалните податоци, во авионот имало 132 патници од кои девет членови на екипажот. За жал се уште не е познат бројот на жртвите.

Кинеската државна телевизија CCTV објави дека Боинг 737 се урнал на планина во близина на градот Вуџу, во регионот Ганг. Наведено е и дека спасувачките екипи веднаш биле испратени на местото каде се урнал авионот.

На социјалните мрежи веќе се појавија неколку шокантни и стравични снимки на кои се гледа како авионот вертикално ита кон земјата во моментот пред ударот.


Исто така, на едно од видеата од социјалните мрежи се гледаат наводните делови од авионот кои ги пронашле мештаните по падот.

На една од снимките, која ја пренесоа повеќето медиуми, а чија автентичност се уште не е потврдена, се гледа густ чад во шумата во планинскиот предел, на местото каде што се урнал авионот. 

Авионот на летот MU5735 полетал од аеродромот Кунминг во 13.15 часот по локално време, а требало да слета во Гвангжу.