Страшна трагедија засекогаш ја прекина љубовта: Ја изгуби прерано, никогаш не ја преболи неговата Наташа

Тие имаа љубов на која и завидуваше целиот свет, а потоа еден ден се промени сè

И денес, по толку години по трагичната несреќа во ски-центарот, која беше кобна за актерката Наташа Ричардсон, нејзиниот сопруг, славниот актер Лиам Нисон, не се опорави од фактот дека ја нема повеќе.

„Никогаш не сум се помирил со нејзината смрт, ниту, пак, ќе се помирам. Сè уште, во одреден момент, кога ќе ја слушнам вратата отворена, уверен сум дека ќе влезе сега и ќе ми каже нешто“, рече Нисон пред три години во емисијата „60 минути“, сеќавајќи се на смртта на неговата сакана сопруга.

Нивната љубовна приказна беше исто како филмските сценарија од најромантичните филмови. Лиам Нисон и Наташа Ричардсон се сретнаа во 1993 година на Бродвеј, каде и двајцата глумеа во новата верзија на „Ана Кристи“. Хемијата меѓу нив не можеше да се скрие ниту на сцената, но не беше сè идилично.

„Работата со него, она што се случуваше меѓу нас, но и извештаите во медиумите за хемијата меѓу нас, навистина не придонесоа за мојот брак кој го имав во тоа време, кој се распаѓаше во тоа време. Сето тоа беше лош тајминг. Што може да кажам во своја одбрана? Дека многу се заљубив“. 

Наташа Ричардсон во тоа време сè уште беше во брак со Роберт Фокс, но не можеше да одолее на шармот на Лиам Нисон, чие име се поврзуваше и со актерките Хелен Мирен, Џулија Робертс и Брук Шилдс. Наскоро по завршувањето на работата на претставата, Нисон заминал во Полска, каде што го снимил филмот „Списокот на Шиндлер“.

Вечерта пред нејзиниот 30-ти роденден, тој и испратил порака на која на шега и напишал: „Ме стигнуваш. Многу љубов, Оскар“. Инаку, Оскар била неговата улога во „Списокот на Шиндлер“, а пораката „ме стигнуваш“ алудирало на тоа дека тој бил 11 години постар од неа.

Таа порака не ја импресионирала, па таа му одговорила: „Дали некој пријател ми испрати порака или ...? Каков е статусот на нашата врска?“. Таа го освоила со својата директност, а дури подоцна тој признал: „Од тој момент знаев дека ја сакам. Помислив - ова е нешто реално и вистинито и морам да го чувам“.

После тоа, Наташа се качила во авион и полетала за Полска, а во јули 1994 година се венчале. Песната што ја одбележа нивната венчавка била „Crazy Love“ на Ван Морисон, која Наташа всушност му ја отпеала.

„Зад мој грб таа отиде на часови за пеење. По церемонијата, и пред да заминеме на забавата, таа го зеде микрофонот и почна да ми пее.“ 

Тие беа во среќен брак 17 години, и добија два сина - Мајкл и Даниел - а потоа пристигна 2009 година, а семејството отиде на одмор во Квебек, Канада, каде уживаа во снежните радости. Наташа Ричардсон, бидејќи не знаела да скија, ангажирала инструктор и започнала да ги учи основите со него. Во еден момент, на патеката за почетници, таа паднала и ја удрила главата на подот.

Бидејќи не носела заштитна кацига, ударот во левата страна на главата бил премногу силен и предизвикал пукање на крвните садови во мозокот, што на крајот се покажало како смртна повреда. Лиам Нисон побрзал кон својата повредена сопруга, која во тоа време сè уште била будна и му рекла: „Среќо, паднав во снегот“.

Иако била итно пренесена во болница, повредите биле претешки. Славната актерка паднала во кома, а лекарите му рекле на Нисон дека ниту едно чудо не може да ја спаси бидејќи нејзиниот мозок е мртов.

Свесен за сè, тој стигнал до нејзиниот болнички кревет, ја фатил за рака и почнал нежно да ѝ зборува, велејќи ѝ дека ја сака: „Љубов моја, за жал нема да се разбудиш повторно. Ударот во главата беше пресилен. Не знам дали можеш да ме слушнеш, но имам потреба да ти го кажам сето ова. Ќе се вратиш во Њујорк и ќе дојдат сите твои пријатели и семејството“.

Дури подоцна, актерот откри дека тој и Наташа имале договор дека, ако едниот заврши во кома и вегетира, другиот ќе биде доволно силен да ги исклучи сите уреди за одржување на животот. Лиам Нисон го исполни ветувањето. Апаратите беа исклучени, а нејзиното срце, бубрезите и црниот дроб беа донирани на други луѓе.

Тажно е што скоро идентичното сценарио во реалниот живот го одигра Лиам Нисон неколку години порано, во филмот „Всушност љубов“ во 2003 година. И таму неговиот лик, наречен Даниел, ја губи својата сопруга и неговата борба по загубата е живописно опишана, како и воспитувањето на неговиот син.

Тагата за загубата на неговата сакана сопруга сè уште е присутна, но актерот мораше напорно да работи на своите синови, особено на постариот Мајкл, кој беше вовлечен во депресија и зависност од смртта на неговата мајка. Во 2014 година, тој заврши на рехабилитација, откако го погоди дното, и токму тоа му помогна да се врати во колосек.

Но, самиот Нисон не можеше да се помири со нејзината смрт и утехата ја најде во алкохолот. Како што откри во 2014 година за списанието GQ, тој престанал да го прави тоа во 2013 година. 

„Почнав да пијам премногу, а сè започна со нејзината смрт. Пиев само „pinot noir“, никогаш не ме интересираа силни пијалоци. Но, тогаш, откако почнав да добивам се повеќе улоги, сфатив дека не ми треба".


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Светот шокиран: Како Болдвин и Хиларија станаа родители на две деца за пет месеци?