,

„Street style“ во Париз: Славни жени обожаваат плиш и црвено

Добивај вести на Viber

Париските модни ревии се полни со познати кои со себе ги носат новите трендови. Модата е значајна на сцена, но, таа се создава и на улица. Погледнете ги Салма, Ана Дело Русо, и Оливија. Најновите трендови кои познатите ѕвезди ги пласираа во текот на минатиот моден викенд во Париз се – црвена боја, кадифени одела, сиви сакоа во машки стил, обувки со светкави врвови и „поштарски“ капи, кои потсетуваат на стилот на 80-тите и 90-тите. Црвената боја ја застапувала и Ана Дело Русо, која го привлекуваше вниманието во црвени Balenciaga високи чизми какви што веќе може да се пронајдат и во u „high street“ продавниците. Топ моделот Каролина Куркова со тренд чизмите ги истакна долгите нозе носејќи рокерска машка блуза, која како фустан ја стегнала со ремен. Притоа не потсети не на глам рок стилот како еден од трендовите кои се враќаат на големата врата оваа сезона. Салма Хајек, мексиканско-американска актерка На ревијата на Stelle McCartney носела тренди кадифено одело во пурпурна боја, сандали на висока потпетица и црна чипкана маичка. Мирослава Дума, руска трендсетерка Мирослава носела бели чизми, кои како и црвените, биле подеднакво застапени меѓу останатите гости на модните ревии. Оливија Палермо-њујоршка трендсетерка На ревијата на Баламаин се одлучила за монохроматска „Max Mara‘ комбинација во камел нијанса и костум без ракави. Ана Дело Русо, уредничка на јапонски Vogue Привлекувала внимание во високите Balenciaga чизми, а стилот го зачинила со поштарската капа. Соња Ковач, актерка и блогерка-За разлика од елегантната верзија на Салма, костумот на H&M Studio го искомбинирала со тенисерки од Gucci, ташна Chanel и широк појас. Извор, фото: 24sata.hr