Стручно лице за одгледување на деца на Викенд Медиа Фестивал открива како да се израснат децата во дигиталната ера

Добивај вести на Viber

Кога е вистински момент да му дадете мобилен телефон на детето? Kолку долго би требало да игра на Плејстејшн, да гледа Нетфликс, да “скрола“ по фејсбук? Сите имаат мобилен и “Snapchat“, што ако само јас му забранам? Вакви и слични на нив дилеми, ги мачат родителите ширум светот.

Експерт на оваа тема е др. Ранко Рајовиќ, кој на 12. Викенд Медиа Фестивал ќе одржи предавање на тема “Деца и дигитална ераКако преку игра да се развие интелигенцијата на детето“. На ова предавање тој ќе ги советува родителите како да се справат со децата во дигиталната ера на живеење.



Рајовиќ е специјалист за интерна медицина, а магистрирал и докторирал во областа на невроендокринологија.Toj e долгогодишен соработник на УНИЦЕФ во рамки на проект за рано поттикнување на интелектуалниот развој на деца, а воедно е и предавач на Педагошкиот факултет во Копар. Рајовиќ е еден од авторитетите на овие простори кога станува збор за теми како образование и одгледување на деца. Истражувањата кои тој ги спроведе покажуваат дека денес децата имаат послаби резултати, во однос на децата пред десет години, во четири области: моторика, математика-логика, вокабулар и општо знаење. На Викенд Медиа Фестивал тој ќе објасни како родителите и наставниците преку игра може да им помогнат на децата да го достигнат својот максимум, притоа користејќи ја технологијата. А, кога станува збор за презаситеност со технологија, ниту возрасните не се наоѓаат во подобра ситуација. Екраните се постојано со нас, а ние сме сè посвесни колку всушност тие нè оптоваруваат. Медиумската и технолошка ера нуди толку можности, но и потенцијални проблеми, доколку не знаеме како квалитетно и правилно да ги консумираме. Како да се преживее викенд без мобилен, како да се организира недигитален живот и да се направи дигитален детокс – сите овие теми ќе се разговараат на панелот со наслов “Дигитална добросостојба“.


Подготовките за 12. Викенд Медиа Фестивал, кој се одржува од 19. – 22. септември се во полн ек. Новитет оваа година е Викенд Пакетот кој овозможува резервација на сместување и котизација. Сите маркетери, своите изработени проекти може да ги пријават на осмиот по ред “BalCannes“, а најдобрите дигитални трудови ќе бидат дел од регионалните дигитални награди -SoMo Borac.

Покрај провокативните и конструктивните дискусии за трендовите во медиумската индустрија, најголемиот регионален фестивал на комуникации познат е и како место на најдобри забави. Оваа година, Викенд Медиа Фестивал ќе има осмислена музичка програма во духот на Вудсток, инспириран од времето кога музиката стана уметност и средство за отпор. Се гледаме, како и секоја година, во старата Фабрика за тутун во Ровињ.