Судијата ѝ ја вратил вербата во луѓето: Син ѝ го убиле, таа изгубила сè, а потоа се случило нешто неочекувано

Познато е дека во некои моменти можеме да изгубиме се‘ и дека едноставно не гледаме излез од тешката ситуација

Една таква приказна штотуку ѝ се случи на оваа жена која заврши на суд поради неплатени казни за паркирање.

За трагедијата да биде уште полоша, таа остана без ништо кога нејзиниот син беше убиен. Во текот на судењето, судијата Френк Каприо упорно сакаше да знае зошто таа со години не ги плаќала казните, за да може да донесе пресуда. Почнал да ги наведува датумите на казните што ги направила и кои морала да ги плати, а како што читал жената се повеќе плачела и потоа му кажала на судијата дека нејзиниот син во тоа време бил убиен.

Жената изгубила се

- Ми ги укинаа социјалните надоместоци затоа што син ми должеше пари. Јас му бев законски застапник, па ми ги земаа парите затоа што имаше долгови. Отидов да го регулирам и потоа ми напишаа паркинг карта. Вториот пат кога не работеше паркинг-метарот, имам фотографија. Трет пат бев на суд бидејќи сопственикот сакаше да ме избрка од станот. Потоа добив уште една казна кога отидов да побарам правна помош за да го решам сето ова - низ солзи проговори жената и објасни зошто ѝ го убиле детето.

„Имам тешка година зад мене, судијо, живеам од инвалидски надоместоци, немам 400 долари за да си платам. Морав да најдам пари за новиот стан. Сè уште ги отплаќам долговите од погребот на мојот син. Не знам каде да најдам пари за овие казни“.

Судијата остана без зборови. Тој молчеше и размислуваше. Замислениот судија само молчеше и изрази сочувство, а потоа додаде: - Ќе ги земам предвид сите околности што ги спомнавте и ќе се обидам да изнајдам праведен исход кој ќе ве заштити и вас и интересот на градот. Мислам дека никој не би сакал да го доживее сето она низ кое сте поминале. Ќе ти ја намалам казната на 50 долари, колку време ќе ти треба да платиш? – рече судијата.

„Имам толку пари со мене“,  одговорила расплаканата жена, а потоа следело клучното прашање на судијата дали ќе ѝ останат пари.


„Ќе ми останат 5 долари“, искрено му рече таа. - Не сакам да те оставам со 5 долари во џеб. Сè што треба да платите... ќе заборавиме. Ти посакувам се‘ најдобро и да бидеш подобро. Среќно – ѝ рекол судијата на целосно изненадената жена и со тоа покажал дека најважно во животот е да имаш верба и добро срце.


Фото и Видео: Youtube