СЗО: Нова пандемија уште полоша е можна поради неконтролирана употреба на антибиотици и антивирусни лекови

Добивај вести на Viber

Според Светската здравствена организација, невнимателното внесување на антибиотици и антивирусни лекови кои се даваат на болните од корона вирусот, може многу лесно да предизвика нова пандемија, што може да биде и многу полоша.

-Употребата на антивирусни лекови и антибиотици е многу важно прашање. Ако не ги земаме внимателно антибиотиците, бидејќи тие треба да се користат само кога ќе ги препише лекар, и истовремено сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, може да се соочиме со уште полоша пандемија по корона вирусот, изјави претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.

Вујовиќ вели дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови, поради што посочува дека од огромно значење е да разбереме дека корона вирусот ни даде поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразните болести и од гледна точка на лекарите и од гледна точка на општеството.