Таа е доказ дека стилот не може да се купи со пари: Поради овој стајлинг, целиот свет се потсмева со манкенката

Добивај вести на Viber

Ги запрепасти модните критичари

Иако со години е во светот на модата, Криси Тајген никогаш не ги научила правилата за добар стил. Уште еднаш успеа да привлече големо внимание кај модните критичари и обожаватели со својот стајлинг. 

Овој моден избор наиде на бројни негативни коментари. Имено, манекенката е фотографирана пред ресторан во Лос Анџелес, во друштво на нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд. За таа прилика, таа избра проѕирен мрежаст фустан. Долната облека можеше јасно да се види, а се чини дека тоа најмногу им пречеше на модните познавачи. Оваа смела комбинација ја надополни со длабоки црни чизми. 

„Жената која се занимава со мода не смее да си го дозволи ова“, „Изгледа вулгарно“, „Мајка е и вака не треба да излегува од дома“, се само дел од коментарите што можеа да се прочитаат на социјалните мрежи.


Фото: Profimedia

Од жена на која Холивуд ѝ се поклонуваше до „персона нон грата“: Како славната убавица си ја уништи кариерата?