ИЗГЛЕДА КАКО ТИНЕЈЏЕРКА: Хали Бери открива како ја одржува линијата

Добивај вести на Viber

На Хали Бери ретко кој би ѝ дал 52 години. Она на што е горда холивудската актерка е нејзиното вито тело и мазната кожа без целулит. Оскаровката за „Хелоу“ изјави дека има многу едноставен рецепт кој го елиминира целулитот, и го сподели со читателите на магазинот.

„Во еден сад измешајте мед, кафе и маслиново масло. Мешајте додека не добиете  густа паста. Пред да ја нанесете пастата на телото, одете под туш и измијте ги  деловите на кои имате целулит со топла вода. Потоа избришете ги со крпа. Откако пастата ќе ја нанесете  на бутовите, за поголем ефект, треба да ги завиткате и да опостојат така половина час. Потоа истуширајте се и нанесете антицелулитен крем на кожата“, открила актерката. 

За добриот изглед, вели дека ѝ помага балансирата исхрана и спортот.