Тајно се омажи, а сега живее во луксуз: Сузана Манчиќ ѝ прости на ќерката

Добивај вести на Viber

Теодора Куниќ, постарата ќерка на Сузана Манчиќ, тајно се омажи за 20 години постар бизнисмен, па така ја растажи познатата мајка, затоа што ни таа не била поканета на венчавката. Ќерката на познатата лото девојка, пејачка и актерка, двегодишната врска ја круниса со тајно венчавање во Лас Вегас.

Ќерката на Манчиќ, Теодора со сопругот 

Таа веќе неколку години со својот сопруг живее во Америка. Сузана ѝ прости на својата ќерка и сега изјавува дека е најсреќна поради неа и зетот. Иако Теодора живее во љубов и во луксуз, многу ѝ недостасува Белград. 

Сузана со двете ќерки на нејзнината венчавка лани во Грција 

„Неодамна беше дома на две недели, и гледам дека ѝ недостасува животот во Белград и семејството.  Нејзиното заминување пред неколку години беше многу болно“, откри Сузана Манчиќ за магазинот „Стори“. 

Сузана со сопругот Симеон Оцмокос 

Сузана Манчиќ се омажи во Грција, земјата на нејзиниот избраник Симеон. Свадбата се одржа летово по неколку одложувања. Во претходно интервју, Манчиќ откри дека пред да ги роди ќерките Наталија и Теодора, имала три спонтани абортуси.